• понеделник, 01 јули 2024

Изложба, книжевни промоции, музика и перформанс на шестото издание на фестивалот „АртАреа/Артерија“

Изложба, книжевни промоции, музика и перформанс на шестото издание на фестивалот „АртАреа/Артерија“
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Во организација на издавачката куќа „Бегемот“, од денеска до 11 септември во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржува шестото издание на фестивалот „АртАреа/ Артерија“. Станува збор за мултимедијален фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување. -Фестивалот ја пресретнува јасната општествена потреба за формирање и одржување зони на пресек на различните културно-уметнички полиња. Според своите план и програма, фестивалот претставува тридневен комплекс од јавни културни настани, обединети околу културната интермедијалност, односно поврзувањето на различните уметнички јазици, медиуми и практики: книжевност, музика, изведбени уметности (театар, перформанс), визуелни уметности (фотографија, филм, илустрација, цртеж, плакат, анимација), ракотворство итн., велат од „Бегемот“. И оваа година, во три фестивалски денови ќе се вкрстат различни креативни медиуми. Ќе има изложба на фотографии, неколку книжевни промоции, дискусии, театарски перформанс, концерт, музика и дружење.
Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма. дма/мд/

Остани поврзан