• недела, 19 мај 2024

Изложба за Тоше во Музејот на македонската борба за самостојност

Изложба за Тоше во Музејот на македонската борба за самостојност
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Изложба „Спомен-куќата на Тоше - чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп-икона“ ќе биде поставена утре во Музејот на македонската борба за самостојност. На изложбата ќе биде претставен животот и делото на Тоше, почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми. Изложбата е во организација на НУ Спомен-куќа на Тодор Проески – Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември. Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура. /

Остани поврзан