• понеделник, 23 декември 2024

Изложба за кариерата на Тејлор Свифт во Лондон

Изложба за кариерата на Тејлор Свифт во Лондон

Лондон, 26 јyли 2024 (МИА) - Костими, музички инструменти и други предмети позајмени од американската пејачка Тејлор Свифт се изложени на привремената летна изложба во Музејот „Ви енд еј“ (V&A) во Лондон, Велика Британија. Насловена „Тејлор Свифт, патека на песните“ (Taylor Swift, Songbook Trail), изложбата се состои од 13 инсталации распространети низ неколку музејски простории.

- Тоа е едно патешетвие низ музејот, изјави кустосот Кејт Бејли. - Ги следи поглавјата од кариерата на Тејлор Свифт, а ние ги нагласуваме периодите и во различни простории на музејот ги прикажуваме костимите што Тејлор ги носела, откри таа.

Меѓу изложените предмети се изработени каубојски чизми по нарачка што ги носи сега 14-кратната добитничка на Греми на почетокот на нејзината кариера, периката и брадата што ги носеше во спотот за „The Man“, репродукции на рачно нацртани скици за „Willow“ и златен микрофон со змиски мотиви што Свифт го користеше на турнејата „Reputation“ итн.

- Ова беше проект којшто се одвиваше навистина брзо. Сакав да бидам сигурна дека ќе може да изложиме костими, но и музички инструменти, и предмети што ја пренесуваат целата нејзина кариера и креативност, додаде Бејли.

- Ние првпат правиме изложба на ваков начин. И ова е првпат овие предмети да се најдат во Велика Британија. Значи, тоа е многу возбудливо и - бесплатно, истакна таа.

„Тејлор Свифт, патека на песните“ трае од 27 јуни до 8 септември. Според музејот, целата изложбена патека може да се пропешачи за 60 до 90 минути.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан