• вторник, 02 јули 2024

Изгоре помошен објект во пожар во пехчевското село Црник

Изгоре помошен објект во пожар во пехчевското село Црник

Пехчево, 31 јули 2023 (МИА) - Во пожар изгоре помошен објект во село Црник. Пожарот избувнал денеска напладне, а во неговото гаснење учествувале пожарникари од Пехчево и Берово.

-Пожарот во село Црник е пријавен околу 12 часот. Во него изгоре плевна, а причинета е материјална штета со изгорено сено и алат, информираа од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево.

Во интервенцијата имале помош од колеги од Територијалната противпожарна единица од Берово со кои заеднички за краток период успеале да ја изгасната огнената стихија, не дозволувајки истиот да се прошири во блиското опкружување.вс/свс/

Фото: ДПД Пехчево

Остани поврзан