• петок, 08 ноември 2024

Избрани нови членови на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“

Избрани нови членови на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“

Скопје, 25 јануари 2023 (МИА) – На денешната 22.седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, актуелниот градоначалник на Општина Крушево Томе Христоски е избран за претседател на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“.

За нови членови на овој Одбор беа избрани Владо Наумоски - дипломиран економист, Влатко Груевски - музиколог, Емилчо Нинески - професор по физика, Перо Христоски - дипломиран економист, Димитар Ангелкоски - дипломиран економист, Пецо Христоски - музиколог, Васил Соклески - дипломиран економист, Никола Оџаклиески - дипломиран земјоделски инженер, Шули Дуага - вработен во Општина Крушево, Кочо Кираца - магистер по здравствен менаџмент, Љупчо Јанески - директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Абуш Изероски - дипломиран наставник по одделенска настава.

Претседателот и членовите на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ ги избира Собранието на Република Северна Македонија со мандат од четири години.фф/са/

Остани поврзан