• вторник, 26 ноември 2024

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби за есента во охридските училишта

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби за есента во охридските училишта
Охрид, 7 октомври 2022 (МИА) - Избрани се најдобрите литературни и ликовни творби од конкурсот „Есента со своите најубави бои блика, во полиња и градини на берба ве вика“ што Општина Охрид го распиша во соработка со основните училишта во градот. Општина Охрид соопшти дека првата награда за литературна творба и припаднала на седмоодделенката Ели Џајкоска од ПОУ„ Григор Прличев“ населба Рача, а од ликовните на Јана Ристеска, трето одделение во ОУ „Свети Наум Охридски“ од Пештани. Втора награда добила Симона Димитриеска, деветто одделение во ОУ„ Кочо Рацин“ за литературна творба и Семра Ајдар, осмо одделение од ОУ„ Братство Единство “, додека третата награда ја земале Дарја Аполеска, седмо одделение од ОУ„ Ванчо Николески“ од Косел и Елена Чулческа, седмо одделение од ОУ„ Ванчо Николески“ во село Лескоец. За првонаградените трудови предвидени се по 7.000 денари, за втората награда по 5.000, а третата по 3.000 денари. - Се молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид, на улица „Димитар Влахов“ бр.57, Охрид, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот, соопшти Општина Охрид. Право на учество имаа сите ученици од 6 до 14 години од охридските училишта со оргинални ликовни и литературни творби, кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси. Своите трудови требаше да ги испратат под шифра. сс/мд/

Остани поврзан