• петок, 22 ноември 2024

ИДКНА ја почнува годината со големи проекти за дигитализација во соработка со МИОА

ИДКНА ја почнува годината со големи проекти за дигитализација во соработка со МИОА

Скопје, 12 јануари 2024

Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје д-р Скендер Асани, денес го прими Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Покрај постојаната поддршка што ни го дава ова министерство, се разговараше и за заедничката реализација на неколку големи проекти меѓу овие две институции, кои се од особено значење во светот на дигитализацијата на културата и наследството.

Министерот Алиу и директорот Асани се договорија процесот на дигитализација на културното наследство во координација меѓу двете институции и идеите кои се дискутираа на средбата да се материјализираат многу брзо. Еден од клучните проекти што произлезе од оваа средба е проектот за создавање на мултимедијален центар за меѓурелигиско и меѓуетничко разбирање, дигитализација на наследството на Гонџе Бојаџиу - Мајка Тереза и Холокаустот.

Во таа насока, по иницијатива на ИДКНА со тим од професионалци од областа на комуникологијата, еден друг важен проект ја промовира идејата за вклучување на новата апликација која ќе служи за користење на знаковен јазик, односно јазикот на глувонемите. Оваа апликација ќе биде достапна за сите електронски средства за комуникација - мобилни телефони, компјутери итн.

До ден денес децата од оваа заедница учат и дејствуваат на друг јазик, македонскиот. Главната причина е тоа што институциите досега функционирале само на македонски јазик и само со печатени материјали.

Апликацијата ќе ги задоволи потребите за азбука која ќе биде нејзина основа, а ќе има и специфични алатки поврзани со оваа конкретна заедница.

Апликацијата, исто така, ќе овозможи подобро разбирање на културниот и јазичниот контекст на албанската глувонема заедница во Република Северна Македонија и ќе помогне во создавањето на соодветни содржини кои го почитуваат и одразуваат нивниот идентитет и култура.

Учењето на јазикот на овој начин претставува важна можност за подобрување на пристапот на глувонемите лица во нашето општество на сите институционални нивоа.

Технологијата имала доста влијание врз комуникацијата на оваа категорија граѓани нудејќи разни опции, вклучувајќи видеозаписи и апликации за разговор во реално време со знаци. Ова овозможува понатамошна комуникација и поврзување на глувонемата заедница на глобално ниво.

Примената на апликацијата ќе овозможи вклучување на нивниот јазик во сите институции во Република Северна Македонија, особено во електронските медиуми во државата, без разлика дали тоа ќе биде преку титлување на филмови за одредена возраст или преку културно-образовни програми. Тоа е веќе воспоставена пракса во Европа.

Со оваа иницијатива уште еднаш се докажува дека ИДКНА е поддржувач на јазичната, образовната и културната разновидност во Република Северна Македонија.

Му благодариме на министерот Азир Алиу за поддршката на проектот, чиј домаќин е ИДКНА и директорот Скендер Асани, заедно со иницијаторот Валдета Касапи.

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Институт за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје

 

 

Остани поврзан