• сабота, 06 декември 2025

Зубименди потпиша за Арсенал

Зубименди потпиша за Арсенал

 

Лондон, 6 јули 2025 (МИА) – Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди е нов фудбалер на Арсенал, објави денеска лондонскиот клуб.

Зубименди доаѓа во Арсенал од Реал Сосиедад, за кого настапуваше од младинските редови.

Според англиските медиуми, 26-годишниот шпански фудбалер од средниот ред ставил потпис на повеќегодишен договор со Арсенал во трансфер вреден околу 59 милиони евра.

За Зубименди неодамна беше заинтересиран и Реал Мадрид, а шпанскиот фудбалер лани ја одби понудата да се пресели во Ливерпул.

Зубименди е второто засилување на Арсенал во летниот преоден рок, откако шпанскиот голман Кепа Аризабалага дојде од Челзи во трансфер за пет милиони фунти.

Арсенал ќе ја почне новата сезоната во Премиер лигата на 17 август, на гостински терен против Манчестер Јунајтед. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан