• петок, 22 ноември 2024

ЗОИ: Хокеарките на Канада подобри од САД во натпреварот за златниот медал

ЗОИ: Хокеарките на Канада подобри од САД во натпреварот за златниот медал
Пекинг, 17 февруари 2022 (МИА) – Женската репрезентација на Канада го освои златниот медал на хокеарскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг. Канаѓанките рано утрово ги совладаа своите ривалки од САД со 3:2 (2:0; 1:1; 0:1). Двоен стрелец за победничката репрезентација беше Мари-Филип Пулен, еднаш погоди Сара Нерс. За Американките реализираа Хилари Најт и Аманда Кесел. За Канада ова е петти златен медал на Олимпијадите. Претходно хокеарките на оваа земја победуваа на ЗОИ во 2002, 2006, 2010 и 2014 година. САД не успеаја да го одбранaт златото освоено на претходната Олимпијада, во Пјонгчанг 2018 година. зс/

Остани поврзан