• недела, 07 јули 2024

ЗОИ: Формирани полуфиналните двојки на хокеарскиот турнир, Канада за прв пат по 16 години остана без медал

ЗОИ: Формирани полуфиналните двојки на хокеарскиот турнир, Канада за прв пат по 16 години остана без медал
Пекинг, 16 февруари 2022 (МИА) - Шведската машка репрезентација во хокеј попладнево ја совлада Канада со 2:0 во последното четвртфинале на Олимписките игри во Пекинг. По овој меч се формираа полуфиналните двојки, а Канаѓаните за прв пат по 16 години останаа без медал. Во 2010 и 2014 година Канада освои злато, а пред четири години заврши на третото место. Во полуфиналето на хокеј-турнирот на ЗОИ во Пекинг, в петок ќе играат: Финска – Словачка Русија – Шведска. зс/

Остани поврзан