Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија
- Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.
Џакарта, 6 мај 2024 (МИА) – -Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета. јт/