• недела, 22 декември 2024

Земјите од Персиски Залив  размислуваат за обнова на членството на Сирија во Арапска лига

Земјите од Персиски Залив  размислуваат за обнова на членството на Сирија во Арапска лига

Џеда, 15 април 2023 (МИА) - Министрите за надворешни работи од Советот за соработка во Персискиот Залив п и нивните колеги од Египет, Ирак и Јордан вчера во Џеда разговараа за евентуално обновување на членството на Сирија во Арапска лига.

Средбата се одржа на барање на Саудиска Арабија и е во рамките на иницијативата за намалување на регионалните тензии.

Министрите за надворешни работи на шест земји од Советот за соработка во Персискиот Залив (Саудиска Арабија, Бахреин, Кувајт, Катар, Оман и Обединетите Арапски Емирати) и Египет, Ирак и Јордан разговараа за тоа колку е важно арапските земји да играат поголема улога во иницијативите за решавање на кризи, се наведува во соопштението на саудиското Министерство за надворешни работи.

Дел од арапските држави, вклучително и регионалните сили како Египет и Обединети Арапски Емирати во меѓувреме ги подобрија односите со Сирија.

Членството на Сирија во Арапската лига беше суспендирано од 2011 година, откако режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад со воена сила се обиде да ги задуши продемократските протести и ја вовлече земјата во граѓанска војна. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан