• петок, 22 ноември 2024

,,Зелкаријада 2022" во делчевското село Тработивиште

,,Зелкаријада 2022
Делчево, 20 ноември 2022 (МИА) - Во делчевското село Тработивиште денеска се одржа манифестацијата „Зелкаријада 2022". Како што истакнаа организаторите, се работи за манифестација која има за цел промоција на најзастапената земјоделска култура која се децении се одгледува на овие простори. -За големото производство на зелка во иднина мора да се финализира проектот за уредување на селскиот ,,јаз". Ако во него тече вода и лете зиме како некогаш, ќе има поголема хигиена, поголемо производство и повеќе производители, не само на зелка како најзастапена култура, туку и на други производи, истакнаа организаторите на настанот.
Иако низ годините зелката била основен земјоделски производ од чие производство и продажба егзистирале голем број на семсејства, во последните години, како што истакна Неџат Демировски нивниот број е сведен на минимум.
-Поради миграцијата, шест семејства во моментот целосно се посветени на одгледувањето на овој  производ. Сепак, значајно е да се организира оваа манифестација која на накој начин дава значење на најзастапената земјоделска култура по која е познато село Тработивиште, истакна Демировски.
Годинашната манифестација беше посветена на ликот и делото на народниот уметник Димитар Узунски, за што од фолкорната група ,,Копачка" изразија задоволство за посветата на настанот на нивниот долгодишен претседател.
-За нас ова е одлична можност да покажеме дека Пијанецот го одржува орото ,,Копачка" кое е дел од репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на Пијанец, како заслуга на нашиот долгогодишен претседател по потекло од село Тработивиште, рече Стојановска.
Во рамки на настанот беше подготвена богата-културно уметничка програма со заеднички ручек подготвен до намирници од зелка како најзастапен производ во едно од најбројните по жители делчевски села. вс/

Остани поврзан