Зеленски разговараше со Макрон во пресрет на средбата со министрите за одбрана на европската петорка
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за распоредување на западни трупи во Украина за да се заштити каков било мировен договор што ќе стави крај на речиси тригодишната војна со Русија.
Киев, 14 јануари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за распоредување на западни трупи во Украина за да се заштити каков било мировен договор што ќе стави крај на речиси тригодишната војна со Русија.
Зеленски го изјави ова пред средбата во Киев со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, кој заедно со министрите за одбрана на Франција, Велика Британија, Италија и Полска, допатуваа во ненајавена посета на Украина.
Макрон наиде на критики од другите западни лидери и дејствуваше изолиран на европската сцена, откако пред речиси една година рече дека постои можност за „распоредување на западни трупи во Украина“.
Зеленски му рекол на Макрон дека на Украина и се потребни безбедносни гаранции за да поддржи каков било мировен договор.
„Разговаравме за француската иницијатива за распоредување воени контингенти во Украина. Разгледавме практични чекори за нејзино спроведување, можно проширување и вклучување на други земји во овој процес“, рече Зеленски. рп/
Фото: МИА архива