• петок, 08 ноември 2024

Зеленски ќе учествува на Самитот на Г20

Зеленски ќе учествува на Самитот на Г20
Киев, 8 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе учествува на Самитот на Групата 20 индустриски развиени земји, но најверојатно виртуелно ќе се обрати, изјави денеска неговиот портпарол Серхиј Никифоров.
  Зеленски минатата недела изјави дека нема да учествува на Самитот на Г20 доколку присуствува рускиот претседател Владимир Путин. Самитот на Г20 ќе се одржи на 15 и 16 ноември  на Бали. Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо денеска изјави дека „доколку дозволи ситуацијата“ Путин ќе учествува на Самитот на Г20. - Но, ако не успее да дојде, можеби виртуелно ќе ни се придружи, истакна на Видодо, кој претседава со овогодишниот Самит на Г20 на Бали. Индонезија како домаќин на Г20 се спротивстави на притисокот од западните земји и Украина да ја повлече поканата до Путин, наведувајќи дека нема овластување да го направи тоа без консензус меѓу членките. Видодо во интервју за „Фајненшл тајмс“ истакна дека Русија е добредојдена на Самитот. -  Г20 не е наменет да биде политички форум. Замислен е да се занимава со економија и развој, посочи Видодо. ми/
 

Остани поврзан