• петок, 22 ноември 2024

Зеленски: Украина ќе побара состанок на Советот за безбедност на ОН поради руските напади

Зеленски: Украина ќе побара состанок на Советот за безбедност на ОН поради руските напади

Варшава, 8 јули 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ќе побара состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со денешните напади на руската армија врз Украина, во кои загинаа најмалку 29 лица, а беше оштетена детска болница.

Зеленски посочи дека Украина ќе формира „нова легија“ на полска територија и ги повика сите Украинци кои живеат надвор од земјата да и се придружат.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека никој не може да зборува за мир во Украина без учество на Киев, додавајќи дека Украина може да смета на поддршката од Полска во нејзината намера да стане членка на НАТО.

Зеленски и Туск денеска во Варшава потпишаа билатерален договор за безбедносни гаранции, што е 21-ви документ склучен во областа на безбедноста меѓу Украина и нејзините партнери.

Претходно, Украина веќе имаше потпишано слични договори со САД, Франција, Германија, Канада, Јапонија, Европската унија како институција и други земји.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан