• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски: Со поддршката од ЕУ, Украина чувствува дека не е сама 

Зеленски: Со поддршката од ЕУ, Украина чувствува дека не е сама 

Брисел, 6 март 2025 (МИА) - Украина и е благодарна на Европската Унија за нејзината силна поддршка од самиот почеток на војната и во текот на целиот овој период, како и во текот на минатата недела, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски пред почетокот на денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа, на кој е поканет како гостин. 

- Вие останавте со нас. Многу сме ви благодарни што не сме сами. И тоа не се само зборови. Ние го чувствуваме тоа, рече Зеленски придружуван од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. 

Според Зеленски, од исклучителна важност е што ЕУ испрати „силен сигнал“ до украинскиот народ, до борците, до цивилите и до сите украински семејства дека не се сами. 

- Го чувствуваме и го знаеме тоа. Тоа е сигнал за зголемување на нашето (одбранбено) производство и за зајакнување на нашата безбедност. Тоа се важни одлуки, додаде Зеленски. сп/  

Фото: ЕПА 

Остани поврзан