Здружението на драмски уметници на Србија ги повика членовите на 15 минути тишина секоја вечер пред театарите
- Здружението на драмски уметници на Србија ги повика своите членови да застанат пред своите театри секоја вечер - почнувајќи од денеска 13 декември - 15 минути пред почетокот на претставите, во костими и да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад . Потоа да има 15 минути молк и да се прочита повикот упатен синоќа до претставниците на културните институции и РТС, јави Бета.
Белград, 13 декември 2024 (МИА) - Здружението на драмски уметници на Србија ги повика своите членови да застанат пред своите театри секоја вечер - почнувајќи од денеска 13 декември - 15 минути пред почетокот на претставите, во костими и да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад . Потоа да има 15 минути молк и да се прочита повикот упатен синоќа до претставниците на културните институции и РТС, јави Бета.
Здружението ги повика сите претставници на културните институции јавно и безрезервно да ги поддржат студентските барања и блокади како форма на протест, но и апелираше до Радио телевизија на Србија (РТС) „вистински, непристрасно, целосно и навремено“ да ги информира граѓаните за тие теми.
„Тоа веќе го направија бројни поединци и театарски уметнички ансамбли и апелираме до раководителите на институциите да им се придружат на своите вработени и на оние кои работат и на тој начин да застанат во одбрана на нивната заштита“, се вели во соопштението.
Се потсетува дека студентите на Факултетот за драмски уметности се уште протестираат бидејќи „не се пронајдени и кривично гонети лицата кои физички ги нападнаа на 22 ноември за време на мирната комеморација на жртвите во Нови Сад, додека лицето чиј идентитет е откриен не е разрешено од функцијата член на Советот на градската општина Нов Белград“.
„Разбирајќи ја деликатноста на сечија позиција во театарот и ансамблите, а со цел да се избегне меѓусебно таргетирање и тензии меѓу колегите, апелираме до сите да го почитуваат правото на секој да го поддржи овој повик или не, и да се заштитиме од нечиј обид да не подели или да не подбуцнат едни против други“, велат од Здружението на драмски уметници.
Наведено е и дека ќе ги повикаат своите колеги да преземат дополнителни чекори доколку барањата не бидат исполнети до сабота, 21 декември. зш/