• петок, 06 февруари 2026

Здружението Женски Форум - Тетово одбележа 25 години работа за унапредување на правата на жените

Здружението Женски Форум - Тетово одбележа 25 години работа за унапредување на правата на жените

Тетово, 30 јануари 2026 (МИА) - Здружението Женски Форум Тетово одбележа 25 години постоење и активно делување со пригоден настан под мотото „25 години – Зајакување на жените, Инспирирање промени“.  

Здружение своите проектни активности две и пол децении ги има посветено на унапредување на правата и положбата на жените, превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, како и јакнење на жените и заедницата.

- Овие 25 години заедно со активистите и соработниците го покривавме теренот во Полошкиот регион работејќи на најзначајните проблеми што ги засегаат жените во општеството, како што се родова еднаквост, трговија со луѓе, борба против родово базирано и семејно насилство,семејно гласање и гласање во име на друг. Да се работи на овие теми во почетоците во 2001 година кога започнавме и не беше така лесно и едноставно. Но, со упорна работа, активно делување и здружени со сите жени успеавме да постигнеме значајни резултати за кои што сме денес тука, изјави Слаѓана Тодоровска, проектна координаторка во Женски Форум. 

Активистката и експерт Афердита Хаџијаха Имери, во пригодното обраќање посочи дека Женски Форум  25 години беше безбеден простор, платформа за учење и глас за жените, особено за тие од руралните средини и маргинализирани заедници кои често се исклучени од јавниот живот. 

-Оваа организација е основана од Џане Крешова, чија вера во сила и потенцијалот на жените ја постави основата за што денес го славиме. Нејзиното лидерство и решителност претворија една идеја во движење кое денес инспирира и охрабрува генерации на жени. Во изминатиот четврт век женскиот форум беше многу повеќе од граѓанска организација. Преку едукација, подигнување на свеста и работа во заедниците Форумот им помогна на жените да ја зајакнат самодовербата, да ги препознаат своите права и активно да учествуваат во обликувањето на сопствена иднина, посочи Хаџијаха Имери.

Преку визуелна презентација беа прикажани дел од бројните активности и заеднички достигнувања, а присутните споделија искуства во соработката и постигнатите резултати. ас/рп/

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан