• петок, 22 ноември 2024

Здолжителни паркинзи за велосипеди во рамки на градежните парцели во Општина Аеродром

Здолжителни паркинзи за велосипеди во рамки на градежните парцели во Општина Аеродром
Скопје, 26 април 2022 (МИА) – Со одлука на Советот на Општина Аеродром, инвеститорите се задолжени во рамки на градежните парцели во иднина да планираат паркинзи за велосипеди при изградба на нови станбени, деловни и јавни објекти во општината. Како што информираат од Општина Аеродром оваа одлука на последната седница ја донел Советот на Општина Аеродром во согласност со Законот за градење, Законот за локална самоуправа и соодветниот Правилник за урбанистичко планирање, како една од конкретните мерки за заштита на животната средина. -Општина Аеродром има за цел да го поттикне користењето на велосипедите како превозно средство преку овозможување услови за нивно користење и паркирање, односно преку обезбедување доволен број паркинг места и соодветна инфраструктура за безбедно движење. Со користењето на алтернативни средства за превоз, придонесуваме за здрава животна средина, активен живот и намалување на проблемот со сообраќајниот метеж, се наведува во соопштението. свс/дма/

Остани поврзан