• недела, 30 јуни 2024

Зголемен обем на работа на ЈП „Куманово-Паркинг“

Зголемен обем на работа на ЈП „Куманово-Паркинг“
Куманово, 3 февруари 2023 (МИА) - Зголемен е обемот на работата на ЈП „Куманово Паркинг“, откако претпријатието доби специјализирано возило „пајак“, соопштија денеска надлежните од претпријатието.
 
Поради зголемениот обем на работа прибрани се и повеќе приходи. Просечно, дневно со новото возило „пајак“ се креваат од 15 до 20 автомобили, некогаш и повеќе особено во летниот период. Новото возило општината му го предаде на претпријатието кое го обезбеди преку под-заем со Министерство за финансии, во рамки на проектот подобрување на општинските услуги, финансиски поддржан со заем од Светска банка.
 

И старото возило е во функционална состојба, сервисирано и претпријатието ќе побара од советот да се обезбеди согласност за паралелно функационирање на двете возила.

- Од едно претпријатие загубар ние ќе бидеме со позитивно работење, во тек е изработката на финансискиот извештај. Над 60 проценти имаме повеќе приход во работата, некаде околу десет милиони е разликата во приходите, изјави директорот на ЈП „Куманово Паркинг“, Сашо Петрушевски.

За зона „Б“ веќе се подготвени проекти кај училиштето „Бајрам Шабани“ кај „Поток Серава“, пред градскиот базен кој советот го додели како имот на ЈП.

- После завршување на правните процедури, дозволи, пролетва почнуваме со исцртување на „Б“ зона, со која ќе се растовари „А“ зона, сообраќајниот метеж, ќе има побезбедно движење на пешаците, изјави Петрушевски.

Во „А“ зона има 580 паркинг места, со „Б“ се планираат од 300 до 400 места. Цените годинава нема да се зголемат „А“ зона е 30, „Б“ 20 денари. ам/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан