• четврток, 07 ноември 2024

Зголемен интересот за студирање на Правниот факултет во Кичево

Зголемен интересот за студирање на Правниот факултет во Кичево
Кичево, 5 септември 2021 (МИА) - Еден од факултетите во внатрешноста кој го оправда своето постоење е Правниот факултет во Кичево со дисперзирани студии во Битола и Струга. Факултетот бележи континуиран раст и се надградува со нови студиски групи и степени на наобразба. Тоа го потврдува и интересот за студирање на овој факултет, каде во првиот уписен рок се запишаа 90 студенти во прва година на правни студии, потврди Гоце Велески, секретар на факултетот. - Правниот факултет Кичево со дисперзирани студии во Битола и Струга бележи континуиран раст и зголемен интерес на матуранитите да се запишат на овој факултет. Потврда за тоа е и бројот на запишани студенти во првиот уписен рок кога се пријавија 90 студенти и ако се има во предвид дека ни преостануваат уште два уписни рокови, 15, 16 и 27 септември, тогаш реално е да очекуваме на нашиот факултет да се запишат над 150 студенти што е повеќе од задоволителна бројка, истакна секретарот Велески. Тој нагласи дека на овој факултет покрај прв циклус студии, функционираат четири студиски програми од втор циклус студии и тоа Казнено право и криминологија, Бизнис право, Административно право и администрација и Човекови права и демократија. - На втор циклус студии студентите можат да се запишат во два града и тоа во седиштето на факултетот во Кичево и на дисперзираните студии во Битола, Цената за два семестри изнесува 800 евра дополнителни 300 евра одбрана или вкупно 1.100 евра. На втор циклус студии уписите се од 01.10 до 22.10 првиот уписен рок, додека вториот уписен рок од 1 до 30 11. Наставата ќе започне кон средината на декември а во текот на двата семестри ќе треба да се положат седум испити за да се добие посакуваното звање, додаде Велески. Од поодамна на Правниот факултет отворен е и трет циклус на студии во два смера и тоа Меѓународно право и меѓународна политика и Казнено право и кривично право. - Цената на тригодишните докторски студии изнесува 5.800 евра и 200 евра за одбрана. Првиот уписен рок на докторски студии е од 20 до 30 септември додека вториотуписен рок е од 25 октомври до 1 ноември. Во меѓувреме на Правниот факултет добиен е и првиот доктор, а се работи за битолчанката Емилија Ицеска, нагласи секретарот. за/мс/

Остани поврзан