• четврток, 09 април 2026

Зголемен е интересот за тутунопроизводство

Зголемен е интересот за тутунопроизводство

Прилеп, 8 април 2026 година (МИА) - Досега се склучени над 35.000 договори за новата реколта тутун за очекувано производство од околу 30.000 тони, што значи се зголемува интересот за оваа индустриска култура, изјави министерот за земјоделство Цветан Триоуновски кој денеска имаше средба со сточарите во Прилеп.

- Рокот за склучување договори за новата реколта тутун е пролонгиран до 9 април. Но, заклучно со вчерашните податоци, склучени се или внесени во системот се околу 35.000 договори за површини од 15 110 херктари со тутун. Споредено со 2024 година има над 5.000 договори повеќе и за околу 2.100 хектари поголема површина со тутун. Ова е уште еден показател дека интересот за тутунопроизводство е голем. Од тутунарите е препозната заложбата на Владата за пласман, откуп и во постигнатата цена. Овие бројки говорат за годинашно производство од околу 30.000 тони производство на тутун, изјави Трипуновски. 

Ланската реколта тутун беше околу 26.000 тони. По обработката на податоците во Платежната агенција ќе следува исаплатата на субвенциите за тутунот за ланската реколта. ем/сст/

Фото извор МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан