• понеделник, 23 декември 2024

Зголемен број на новорегистрирани пациенти со глауком во Куманово

Зголемен број на новорегистрирани пациенти со глауком во Куманово

Куманово, 15 март 2024 (МИА) - Зголемен е бројот на новорегистрирани пациенти со глауком на очното одделение од кумановската општа болница, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа. Стручните ги повикаа пациентите редовно да се прегледуваат, бидејќи во раните фази од болеста само редовните контроли можат да спречат прогресијата на болеста.

- На месечно ниво имаме по десет новодијагностицирани случаи, што е висока бројка. Нам ни е важно да се развие свеста за скрининг, барем еднаш во годината пациентите да се јават и да направат преглед. Нема симптоми, глаукомот е скриена и подмолна болест, изјави началникот на очното одделение д-р Бојана Георгиевска – Димовска.

Во однос на старосната граница глаумкот најчесто се дијагностицира кај повозрасните пациенти. Покачениот очен притисок се смета за главен фактор на ризикот при развојот на глауком. Глаукомот е една од водечките причини за слепило во светот, после дијабетот. Појавата на глаукомот е најчесто со неспецифични симптоми или потполно асимптоматска, поради што превенцијата, особено раното откривање, е основата во борбата против глаукомот. Ризик фактори за појава се пушење, маснотии во крв, генетски предиспозиции, низок системски притисок.

- Во менопаузата знае често да има раст на интраокуларен притисок и најчесто болеста кај помладите пациентите ја откриваме случајно, изјави докторката.

Очното одделение е добро екипирано, има соодветна опрема, лекарите и тимот користи понови методи на мерење со кои пациентот се чувствува покомформно. ам/сст/


Фото: МИА архива
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан