• понеделник, 23 декември 2024

Зголемен бројот на работници во август, намалување има во рударството

Зголемен бројот на работници во август, намалување има во рударството

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Бројот на работници во индустријата во август е зголемен за 1,3 проценти во споредба со истиот месец лани, но намалување се бележи во секторот рударство за 1,7 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 проценти.

Според Државниот завод за статистика, пораст се бележи во секторот Преработувачка индустрија за 1,9  проценти.
 
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај Капитални производи за 13,5 проценти, а опаѓање има кај Енергија за 4,6 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,9 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1 процент.
 
Во периодот јануари – август има зголемување на бројот на работници од 0,9 проценти во споредба со истиот период лани. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан