• петок, 22 ноември 2024

Зголемен бројот на интервенции на Итна помош Куманово

Зголемен бројот на интервенции на Итна помош Куманово

Куманово, 6 јануари 2024 (МИА) - Итна медицинска помош Куманово изминатиов период регистрира зголемен број повици и интервенции, информираа денеска од здравствената установа. Лекарите велат дека е зголемен и бројот и на прегледи во дежурната амбуланта.

- Зачестени се вирусни инфекции кај малите дечиња. Болести на горнореспираторни патишта, има пациенти со гастритични тегоби, повозрасните  исто така се јавуваат заради зголемен крвен притисок, пациенти со хронично-белодробни болести, изјави д-р, Валентина Тодоровска, од Итна помош Куманово.

Во празничниот период и поради раздвиженоста на граѓаните, зголемен е и сообраќајниот метеж.

- Во последно време едвидентираме и зголемен број на интервенции на повредени пешаци. Важно е сите учесници во сообраќајот да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат правилата, апелира Тодоровска.

Празниците се повод за собирање на семејства, пријатели. Лекарите велат дека оние кои забележуваат првите симптоми на горнореспиртаорни инфекции, секрет од нос, кивање, кашлање, гребење на грло, температура, да внимаваат, да останат дома и да пијат чаеви, витамини.

- Оние кои имаат симптоми да си останат дома, да не одат по гости, особено малите деца и повозрасните пациенти. Сите да внимаваат на исхраната да е богата со овошје, зеленчук и да не консумираат многу мрсна храна, вели д-р Тодоровска.ам/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан