• недела, 22 декември 2024

Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2023 година, во однос на третото тримесечје од 2022 година, е зголемено за 10,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците, рудничкото дрво, другото обло дрво – од иглолисни
и листопадни видови и кај огревното дрво од листопадни видови, а намалување кај просторното и огревното дрво од иглолисни видови и кај другото грубо обработено дрво, цепениците, дрвените столбови и колците.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 199 632 метри кубни и бележи зголемување од 16,2 процента. мч/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан