• понеделник, 23 декември 2024

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Скопје, 29 декември 2023 (МИА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.6 % на месечно ниво и пониски за 2.4 % на годишно ниво.

Во ноември во споредба со октомври 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 0.5 %, Трајни производи за 0.5 % и Нетрајни производи за 3.2 %.

Во споредба со ноември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 7.9 % и Капитални производи за 6.9 %.са/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан