• понеделник, 23 декември 2024

Зголемена договорената и извршената работа на македонската градежна оператива во странство

Зголемена договорената и извршената работа на македонската градежна оператива во странство

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Во периодот јануари – декември 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 238 369 000 денари, што е за 40,7  проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од државава во странство извршила градежни
работи во вкупна вредност од 189 758 000 денари, што е за 18,2 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Најголем дел од извршените градежни работи на нашите градежници биле во Германија, во вредност од 145 834 000 денари, по што следуваат Црна Гора со 15 000 000 денари, Србија 12 689 000, Бугарија  9 332 000, Босна и Херцеговина  2 946 000 денари,  Чешка Република 2 898 000 денари и Исланд со  1 059 000 денари. лв/са/

фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан