• сабота, 13 јули 2024

За спроведување на редот на Олимпијадата во Париз ќе помогнат 1.750 службеници од различни земји

За спроведување на редот на Олимпијадата во Париз ќе помогнат 1.750 службеници од различни земји

Париз, 13 јули 2024 (МИА) - Околу 1.750 службеници за спроведување на законот од различни земји ќе и помогнат на француската полиција и војска во обезбедувањето на Олимпијадата во 2024 година, објавија француските медиуми.

Ќе бидат вклучени службеници за спроведување на законот од 40 земји. Тие ќе пружат помош на 35 илјади француски полицајци и 18 илјади воени лица.

Олимписките игри ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан