• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

За рецесија на демократијата во ЕУ се виновни пет земји членки

За рецесија на демократијата во ЕУ се виновни пет земји членки

Брисел, 17 март 2025 (МИА) - Италија, Бугарија, Хрватска, Романија и Словачка се членки на ЕУ кои „намерно го поткопуваат владеењето на правото во речиси сите аспекти“, се вели во извештајот објавен денеска од невладината организација Либертис.

Во извештајот „Европската демократската рецесија се продлабочи во 2024 година“, се укажува на судските системи подложни на политичка манипулација, слабото спроведување закони за борба против корупцијата, прекумерната употреба на брзи законодавни процедури, вознемирувањето на новинарите и се поголемите ограничувања за мирни протести.

„Без решителна акција, ЕУ ризикува понатамошна демократска ерозија“, се предупредува во извештајот на 43 организации за човекови права од 21 земја-членка.

Невладините ја повикаа Европската комисија да го засили мониторингот поврзувајќи го со имплементацијата на фондовите на ЕУ, како и да ги забрза судските постапки поврзани со прекршување на владеењето на правото.

Како што рече експертот за владеење на правото на Либертис, Виктор Казаи, во шестиот годишен извештај се укажува на „алармантно присуство на прекршување на владеењето на правото ширум ЕУ“.

„Сите фундаментални аспекти на владеењето на правото се соочуваат со посериозни проблеми во последниве години“, рече Казаи, додавајќи дека обидите на ЕУ да го промени ова се „разочарувачки ограничени“.

Тој, исто така, рече дека најзагрижувачко нешто се владите кои презеле чекори за поткопување на владеењето на правото. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан