• четврток, 03 октомври 2024

За изборите за Европскиот парламент во Хрватска се потрошени 9,2 милиони евра

За изборите за Европскиот парламент во Хрватска се потрошени 9,2 милиони евра

Загреб, 22 јули 2024 (МИА) - За овогодинешните јунски избори за Европскиот парламент во Хрватска се потрошени 9,2 милиони евра, според привремениот извештај на Државната изборна комисија (ДИК) на Хрватска, поради растот на голем број трошоци, што е за 1,8 милиони повеќе од истите избори во мај 2019 година.

Сумата од 9,2 милиони евра не е целосна, недостигаат некои трошоци, како што е висината на обештетувањето што ќе го добијат политичките партии кои освоија едно од 12-те хрватски пратенички места во Брисел.

За таа намена се издвоени вкупно 159.000 евра, односно 11.415 по освоен мандат и 6.637 евра за случај кога партија, или независен кандидат, не освои мандат во Европскиот парламент, но добива најмалку пет отсто од валидни гласови.

Но, за учесниците на европските избори реално да ја добијат таа сума, нивните изборни финансии мора да добијат преодна оценка од ДИК.

Доколку ДИК нема забелешки, ХДЗ ќе добие 68.490 евра за шесте освоени мандати во Европскиот парламент, СДП ќе добие 45.660 евра за четворицата, а Можемо и Татковинско движење, кои имаат по еден претставник во Европскиот парламент, Гордан Босанац и Стивен Никола Бартулица по 11.415 евра. мс/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан