• сабота, 09 ноември 2024

За Ердоган Израел е „ционистичката терористичка организација“

За Ердоган Израел е „ционистичката терористичка организација“

Анкара, 12 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека идните генерации ќе се срамат од тие што ја поддржуваат „ционистичката терористичка организација наречена Израел“.

- Геноцидот што се одвива во Појасот Газа пред очите на сите влезе во листата на историски срамни дела на целото човештво, истакна Ердоган пред да полета за Турција по неговата посета на Албанија и Србија.

Според него, „Израел е најреалната закана за регионалниот и глобалниот мир“, а Турција не може да го игнорира тоа.

- Благодарение на турските специјални служби, ги држиме под контрола чекорите што Израел ги презеде или може да ги преземе против Турција, наведе Ердоган. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан