• понеделник, 23 декември 2024

За една недела санкционирани 158 непрописно паркирани возила во Општина Центар

За една недела санкционирани 158 непрописно паркирани возила во Општина Центар
Скопје, 16 март 2021 (МИА) - Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се санкционирани вкупно 158 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ отстранети се 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 70 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.фф/лв/

Остани поврзан