• среда, 08 мај 2024

За една недела отстранети 224 непрописно паркирани возила во општина Центар

За една недела отстранети 224 непрописно паркирани возила во општина Центар

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила и со тоа го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, од 27 ноември 2023 година до 3 декември 2023 со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 124 непрописно паркирани возила. 

Со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 100 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се наведува во соопштението. мд/ев/

Фото: ЈП ПОЦ и Општина Центар 

Остани поврзан