• понеделник, 23 декември 2024

За една недела отстранети 103 непрописно паркирани возила во општина Центар

За една недела отстранети 103 непрописно паркирани возила во општина Центар

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - За една недела на територија на општина Центар казнети се 103 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила и со тоа го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, од 5 август до 11 август годинава со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, се вели во соопштението. мд/аа/

Фото: ЈП ПОЦ и Општина Центар 

Остани поврзан