• понеделник, 23 декември 2024

За десетина дена ќе биде решен проблемот со неусогласените плати во делчевското комунално претпријатие

За десетина дена ќе биде решен проблемот со неусогласените плати во делчевското комунално претпријатие

Делчево, 26 октомври 2023 (МИА) - За десетина дена вработените во делчевското комунално претпријатие „Брегалница“ ќе ги добијат ветените 10 отсто покачување на платата. По завршувањето на денешниот состанок со директорот и вработените во комуналното претпријатие „Брегалница“ Делчево, Стојанче Кашиковски, претседателот на синдикатот СУТКОЗ, кој е гранков синдикат на работниците од угостителство, туризам, комунално станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва, рече дека проблемот со усогласувањето на платите во делчевското комунално претпријатие ќе биде решен со септемвриската плата која веќе е исплатена. 

-Само што излеговме од средбата со директорот, можам да кажам јавно дека проблемот во најскоро време би бил решен. Иако е неблагодарно, би дал временски период од околу 10 дена за тоа да се случи. Вработените во ЈКПД „Брегалница“, согласно колективниот договор за јавен сектор, ќе добијат покачување на платите од 10 отсто започнувајќи од септемвриската плата. Со оглед на тоа дека таа веќе е исплатена начинот на кој ќе биде покачена е со исплата на разлика за изминатиот период, рече Кашиковски.

Како причина за неусогласувањето на платите го напомена недоразбирањето во организацијата на самото претпријатие, но проблемот, како што повтори ,ќе биде решен во претстојниот период.

Во делчевското комунално претпријатие во моментот се вработени околу 85 вработени кои извршуваат работни задачи во четири сектори. вс/вј/

 

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан