• среда, 03 јули 2024

За Ансу Фати се заинтересирани клубови од Саудиска Арабија

За Ансу Фати се заинтересирани клубови од Саудиска Арабија

Барселона, 21 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, кој е на позајмица во Брајтон, би можел кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Според „Sport.es“, саудиските клубови веќе ги одржале првите преговори со застапниците на 20-годишниот Шпанец. 

Сепак, самиот фудбалер сè уште не е расположен за заминување од Европа.

Фати сезонава настапи на 10 натпревари во сите натпреварувања и постигна 1 гол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан