• вторник, 23 јули 2024

За Азар заинтересирани Арсенал и Њукасл, Белгиецот не сака да го напушти Реал

За Азар заинтересирани Арсенал и Њукасл, Белгиецот не сака да го напушти Реал
Мадрид, 15 март 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар би можел да се врати во Премиер лигата. Според „Foot Mercato“, за Белгиецот се заинтересирани Арсенал и Њукасл. Претставници на Арсенал веќе стапиле во контакт со фудбалерот за евентуален трансфер. Сепак, самиот 31-годишен играч од средниот ред не сака да го напушти Реал Мадрид и има намера да се бори за место во тимот следната сезона. Реал е отворен за продажба на фудбалерот. Азар е во Реал Мадрид од 2019 година. Пред тоа со Челзи одигра седум сезони во Премиер лигата. зс/

Остани поврзан