• недела, 12 мај 2024

Затворен парискиот Универзитет за политички науки, дебатата меѓу раководството и студентите за војната во Газа не ги намали тензиите

Затворен парискиот Универзитет за политички науки, дебатата меѓу раководството и студентите за војната во Газа не ги намали тензиите

Париз, 3 мај 2024 (МИА) - Парискиот универзитет „Сианс По“ е затворен денеска откако дебатата меѓу раководството на институцијата и студентите за војната во Газа не успеа да ги намали тензиите, поради што демонстрантите го окупираа во текот на ноќта, јавија светските агенции.

Оваа недела, елитниот универзитет за политички науки стана центар на бранот протести што зафати неколку француски универзитети во врска со војната и академските врски со Израел.

Утринава група од околу 70 студенти ги окупираа главните згради на Универзитетот во центарот на Париз, изјави еден од демонстрантите и додаде дека „преговорите со раководството не постигнале никаков напредок“.

Ректорот на Универзитетот вчера ги отфрли барањата на демонстрантите за преиспитување на односот на институцијата кон израелските универзитети. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан