• вторник, 05 ноември 2024

Едно лице загина, многумина се повредени при удар на зграда во јужна Русија

Едно лице загина, многумина се повредени при удар на зграда во јужна Русија

Москва, 12 мај 2024 (МИА) - Во напад со тешко оружје врз станбен блок во градот Белгород во јужниот пограничен регион на Русија загина едно лице, објавија денеска медиумите и официјални лица, јави ДПА.

Според првичните наоди на руските истражители, една жена загина, а 29 лица се повредени.

Регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков ја обвини украинската војска за „масовното гранатирање“.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од зграда од која од ударот е разнесен цел дел од станови. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан