• недела, 22 декември 2024

Затворен Босфорскиот теснец, се насука товарен брод од Украина

Затворен Босфорскиот теснец, се насука товарен брод од Украина

Анкара, 7 мај 2024 (МИА) - Босфорскиот теснец, кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако товарен брод од Украина се насука, соопштија турските власти за ДПА.

„Брод по име Алексис превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Се случи дефект на моторот во близина на излезот од пловниот пат“, изјави за ДПА портпаролот на Управата за крајбрежна безбедност.

Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот.

Босфорот е прометен канал и служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија.

Речиси 40.000 бродови поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан