• сабота, 13 јули 2024

Затворена Берзата на Нов Зеланд поради кибернапади

Затворена Берзата на Нов Зеланд поради кибернапади
Велингтон, 27 август 2020 (МИА) - Берзата на Нов Зеланд денеска нема да биде отворена за тргување поради кибернападите во текот на последните два дена, соопшти операторот на берзата НЗКС. Во соопштението се наведува дека хакерскиот напад предизвикал проблеми со мрежното поврзување, но се изразува надеж дека тргувањето ќе продолжи в петок.Донесовме одлука да не ја отвориме платформата за тргување сè додека не го решиме проблемот“, се наведува во соопштението на Берзата. Цел на кибернападите извршени во вторникот и средата беше мрежниот провајдер на Берзата. паг/

Остани поврзан