• сабота, 23 ноември 2024

„Заспаната убавица“ на 7 и 8 март во Националната опера и балет

„Заспаната убавица“ на 7 и 8 март во Националната опера и балет

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Балетската претстава „Заспаната убавица“ преточена во музиката на Петар Илич Чајковски ќе се одржи на 7 и 8 март на сцената на Националната опера и балет (НОБ).

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов.

Во главните улоги на 7 март ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов. За првпат, во главните улоги на 8 март ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија.

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

-Вечната борба меѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер, се вели во соопштението на НОБ.бт/са/

Фото: Национална опера и балет

Остани поврзан