• четврток, 19 март 2026

Засадени 150 садници во Крива Паланка во рамки на "Зелени денови" од проектот ПАРКС

Засадени 150 садници во Крива Паланка во рамки на

Крива Паланка, 18 март 2026 (МИА) - „Зелени денови" беше насловен настанот што се одржа денеска во Општина Крива Паланка во рамки на кој се одржа работилница за урбана зелена инфраструктура, по што беа засадени 150 садници зимзелени дрвја на површините кои беа зафатени со големите пожари минатото лето.

Од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка информираа дека како дел од проектот „ПАРКС", во рамки на настанот „Зелени денови“ успешно е одржан првиот ден од работилницата за размена на знаења, методологии и најдобри практики за зелена урбана инфраструктура. 

- Учесниците се запознаа со резултатите од проектот: изградба на урбан парк, изработка на зелен катастар на урбаното подрачје на општината, поставување инструменти за мерење на квалитет на воздухот и изработка на прирачник за подигнување зелени површини со акцент на избор на садници и садење. Активностите продолжија на терен со практична акција за пошумување во која беа засадени над 150 садници на неодамна опожарените предели, каде активно се вклучија членови на: извиднички одред „Наум Наумовски Борче“, здружението „Спасител“, ученици од училиштната заедница на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ и членови на Локалниот младински совет – Крива Паланка, информираа од Општина Крива Паланка.

Активностите се дел од заедничките напори на локалната самоуправа за создавање позелена и поодржлива иднина, а за утрешниот ден најавија продолжување на работилницата со презентација на прирачникот за одгледување и засадување садници во урбаните средини.ид/

Фото: Општина Крива Паланка

 

Остани поврзан