• вторник, 01 октомври 2024

Започна 21-то издание на ИФАД „Стоби“ 2024

Започна 21-то издание на ИФАД „Стоби“ 2024

Скопје,1 октомври 2024 (МИА) - Со претставата „Цар Едип“ на Народен театар од Сараево, од Босна и Херцеговина, во режија на Диего Де Бреа, синоќа на сцената „Петре Перичко“ на велешкиот театар„Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ свечено започна  21 -то издание на  Интернационалниот  фестивал на античка драма „Стоби“ 2024. Оваа претставата е во официјалната фестивалска конкуренција. Актерите на Народен театар Сараево добија долги и силни аплаузи од бројната публика.

На програмата на годинашното издание на фестивалот на античка драма вечер во 20 часот љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ја проследат претставата „Пенелопиада“ на Театар „Младип“ од Унгарија во режија на Золтан Балаж.

Во среда вечер, на 2 октомври, со претставата „Мир“, на фестивалот настапува Театар „Идиоти“ од Јужна Кореја. Режисер на претставата е Ли Сангмунг додека четврток вечер, на 3 октомври, со претставата „Нерон“ во режија на Ѓорги Ризески ќе се претстават актерите на „Приватна продукција“ во ко-продукција со МКЦ од Скопје.

Античката драма „Монолози и сцени“ во режија на Роберт Вељановски и Теа Беговска на Универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ е единствената претстава што на годинешното издание на фестивалот „Стоби“ е селектирана во OFF програмата,а ќе биде изведена во петок на 4 октомври.

Наредната вечер на 5, октомври, во сабота ќе биде прикажана претставата „Едип и Пророците“ во режија на Диана Добрева на Драмски театар Пловдив, Бугарија.

Почетокот на претставите е 20:00 часот додека цената на влезниците изнесува 200 денари и можат да се купат на билетарата на театарот.

Инаку, 21-то издане на ИФАД „Стоби“ 2024 свечено ќе биде затворен на 10 октомври кога ќе бидат доделени и традиционалните награди  на фестивалот Гран при  за најдобра претстава , наградата за режија и наградите за најдобра  женска и машка улога. Годинава фестивалското жири е во состав Владимир Милчин  претседател и  Маја Љутков и Ненад Витанов  членови.

Фестивалот ќе биде затворен со целовечерен концерт на Ансамблот „Танец“ со програма „75 години Македонски КОД“.ад/са/

Фото: постер

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан