• сабота, 23 ноември 2024

Започна реализацијата на проектот за уредување на Рекреативен центар во населбата Равна Река во Пехчево

Започна реализацијата на проектот за уредување на Рекреативен центар во населбата Равна Река во Пехчево

Пехчево, 13 март 2023 (МИА) - Во туристичката населба „Равна Река" отпочнаа  градежните работи за реализација на проектот „Уредување на рекреативен центар во туристичка населба Равна Река – I и II фаза“. Времетраењето на проектот, како што информираа од Општината, е во период од шест месеци од денот на воведување во работа и отпочнување на градежните работи.

-Денес на терен излегоа градоначалникот на Општина Пехчево, претставници од Центарот за развој на Источен плански регион и претставници од фирмата Градежник ИНГ „ДООЕЛ Берово. Со реализација на овој проект ќе се уреди рекреативниот центар во туристичката населба Равна Река – Пехчево со разни содржини за деца и млади, мултинаменски игралишта и многу други рекреативни содржини за одмор и рекреација, информираа од Општината
Проектот е во вредност од 12 милиони денари и е финансиран од страна на Бирото за регионален развој.
 
-Проектот се финансира преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година, спроведен од страна на Центарот за развој на Источен плански регион, а краен корисник од реализација на истиот е Општина Пехчево, додадоа од Општината.
 
Претходно како дел од овој проект беше потпишан договор со кој беше утврдена динамиката на реализација на градежните активности за уредување на овој рекреативен центар. вс/дма/
 
Фото: МИА

Остани поврзан