• среда, 11 март 2026

Започнаа подготовките за промената на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Кочани

Започнаа подготовките за промената на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Кочани

Кочани, 11 декември 2025  (МИА) - Од денеска започнаа подготовките за најавената измена на сообраќајниот режим во централното градско подрачје на Кочани, ги информираат граѓаните соодветните служби на општинската администрација.

-Се поставува вертикалната сигнализација на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“, се наведува во писменото соопштување.

Изменетиот режим, велат од Општината,  ќе се применува по целосното поставување на вертикалната сигнализација, а првите неколку денови сообраќајот ќе се одвива со поддршка од полициски службеници на Одделението за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан