• сабота, 21 декември 2024

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени на Состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ООН и Република Северна Македонија

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени на Состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ООН и Република Северна Македонија

Скопје, 15 ноември 2024

 

Заменикот министер за внатрешни работи Астрит Исени во присуство на премиерот Христијан Мицковски, министри во Владата и постојаниот претставник на ООН во земјава Рита Колумбиа, се обрати денес на состанокот на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ООН н Република Северна Македонија.

Заменикот министерот Исени потенцираше дека  МВР и ООН имаат позитивен развој на меѓусебните односи со засилен интензитет во последниот период а во таа насока Заедничката Рамка за соработка за одржлив развој е клучен стратешки документ согласно кој се утврдуваат натамошните активности во наредниот неколку-годишен период договорен од страна на Владата и ОН.

„Поддршката на Организацијата на Обединетите нации и нејзините агенции која се обезбедува преку: техничка помош, развој на капацитетите, посредување со знаење итн., е особено значајна и важна за Министерството за внатрешни работи, за што изразуваме особена благодарност и надеж дека ваквата соработка, координација и меѓусебно уважување ќе продолжи и во иднина, со акцент на повеќе области. Во функција на остварување на стратешките приоритети и цели на Владата согласно Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2024-2028 година во Министерството за внатрешни работи утврдени се осум стратешки приоритети како модернизација и јакнење на капацитетите на МВР, одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата, зголемување на вкупната безбедност.“, потенцираше заменикот министер Исени.

Заменикот министер Исени на крај нагласи дека во  согласност со европската ориентација на нашата држава, како мирољубива и активно ангажирана членка на ОН во меѓународните односи, постојано подготвена да дава придонес во: јакнењето на меѓународниот мир и безбедност, меѓународната соработка во сите области, како и јакнењето на ОН, Министерството за внатрешни работи останува доследно на своите заложби за владеење на правото, почитување на човековите права, борба против тероризмот и сите видови на криминал, едновремено останувајќи цврсто определено за активна соработка со ОН, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и другите регионални иницијативи. 

Министерство за внатрешни работи

Фото: МВР

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан