• понеделник, 23 декември 2024

Заменик министерката Трајков во работна посета на Брисел

Заменик министерката Трајков во работна посета на Брисел

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков од денес е во работна посета на Брисел.

Трајков, како што соопшти Министерството за европски прашања, ќе има средба со високи претставници на европската администрација како Валентина Суперти, директорка на Директоратот за соседство и пристапни преговори, Берта Л. Доменеч од Центарот за европски политики задолжена за политиката на проширување и Западен Балкан, европратениците Марион Валсман и Карло Реслер, Сигрид Бретел, раководителка на одделението за Македонија и Албанија во Директоратот за соседство и пристапни преговори на ЕУ како и претставници на Регионалниот совет за соработка (РСС). дма/са/

Фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан